Logo R Arch
Picture13

ЗА НАС

РАДОЊИЌ АРХИТЕКТИ ДОО, Скопје е основано во 2017 година од арх. Ана Радоњиќ и Марко Радоњиќ, а заедно со арх. Миодраг Радоњиќ – Бато како стручен консултант и експерт.

Главна дејност на РАДОЊИЌ АРХИТЕКТИ е проектирање, изведба, инженеринг и консалтинг, што всушност значи дека нудиме комплетна услуга, од осмислување и изработка на проекти, до водење на изведбата на објектот. Лиценцирани сме за изработка на проекти за објекти од сите категории во областа на екстериер, ентериер и урбанизам. Преку нашите надворешни стручни соработници, нудиме проекти од останатите области на инженерството.

Искуството и креативноста не прави високо кфалификувани да одговориме на барањата и потребите на нашите клиенти. Комплексноста на услугите кои ги нудиме, овозможува реализација на целиот циклус, од идеја до финален производ. Сметаме дека идејата е секогаш најважна, но потребено е и стручно и одговорно водење на целокупниот процес, со цел во реалноста да се креираат квалитетни простори за живеење.

НАСЛЕДСТВО – АТЕЛЈЕ АЈВАР

Picture4

РАДОЊИЌ АРХИТЕКТИ е наследник на долгата традиција и искуство на АТЕЛЈЕ АЈВАР, првото проектантско биро во Македонија, етаблирано меѓу стручната и пошироката јавност во полето на аритектурата и градежништвото.

ТИМ НА АРХИТЕКТИ

Ана Радоњиќ
Ана Радоњиќ дипл. инг. Архитект
Партнер и управител
20 год. искуство во проектирање и изведба на станбени и деловни објекти
Миодраг Радоњиќ - Бато
Миодраг Радоњиќ - Бато дипл. инг. Архитект
Стручен консултант – проектант
45 год. искуство во проектирање и изведба на станбени и деловни објекти.
Александар Наумчески
Александар Наумчески дипл. инг. Архитект
Самостоен проектант
20 год. искуство во проектирање и изведба на станбени и деловни објекти

НАГРАДИ

BIGSEE – НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА (2020) ЗА ТИМОТ НА АТЕЛЈЕ АЈВАР
BIGSEE – НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА (2020) ЗА ТИМОТ НА АТЕЛЈЕ АЈВАР Доделена од Zavod BIG
Награда за најдобар проект за Семејна Куќа „Дрезденска“ во категорија резиденцијална архитектура.
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО  „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ (2018) ЗА МИОДРАГ РАДОЊИЌ – БАТО
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ (2018) ЗА МИОДРАГ РАДОЊИЌ – БАТО Доделена од Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ)
Награда за Животно Дело и особени достигнувања во областа на архитектурата.
НАГРАДА „БОРИС ЧИПАН“ (2017)  ЗА МИОДРАГ РАДОЊИЌ – БАТО И РАНЧО ХРИСТОВ (АТЕЛЈЕ АЈВАР)
НАГРАДА „БОРИС ЧИПАН“ (2017) ЗА МИОДРАГ РАДОЊИЌ – БАТО И РАНЧО ХРИСТОВ (АТЕЛЈЕ АЈВАР) Доделена од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија
Награда за придонес во развојот на архитектонско-инженерската струка во Република Македонија.